За нас
N Fashion, на македонскиот пазар опстојува од 1992 год. и за целиот тој период покажува позитивни финансиски резултати. На основа на официјалните податоци од државните институции, N Fashion од 1998 па се до 2007 год. се наоѓаше меѓу 200-те најуспешни компании во Македонија, која во вкупниот приход на ниво на гранка учествува со 15%.
Со цел да ги задоволи потребите на своите потрошувачи, N Fashion е застапник на повеќе брендови меѓу кои и познатите: Ciciban, Planika, Paar, Imac, Nicola Benson, Stefano, Fly flot, Ara, Gabor, Zen, Alpina, Clarks, Obuca Marko, Urban fly, Walker flex, Atrai, Alberola, Girza, Legero, Fantasy, Mubb, итн.
Исто така во нашата понуда можете да ги пронајдете и моделите на познатите брендови како што се: Bugatti, Bueno, Puma, Pierre Cardin, Reebok, Skechers, Rider, итн.
Мотото за успех на оваа компанија е неговата визија за инвестирање во своите вработени и нивната постојана едукација.
Историјат
N Fashion е една од водечките компании од чевларската индустрија како во Словенија така и во останатите бивши Југословенски простори и Европа. N Fashion го има формирано познатиот словенски трговец и производител Петар Козина и тоа на 25-ти март 1903 година. Во знак на благодарност и сеќавање N Fashion ги користи првите две букви од неговото име и презиме. Оваа компанија е познат производител на квалитетни и елегантни обувки, а денес своите производи ги пласира во Македонија, Хрватска, Србија и пошироко во Европа. Покрај производството, првиот сопственик на N Fashion ја отвара и првата продавница во Љубљана во 1921 година, во Белград и Загреб во 1925 година, а во Скопје во 1950 год.
Во своите најдобри времиња во N Fashion бележи околу 5000 вработени, производство на 4.000.000 пара обувки од кои 60% биле наменети за извоз.
По распадот на поранешна Југославија, N Fashion во Македонија формира посебно друштво со цел своите производи да ги пласира на македонскиот пазар.
Податоци за нашата компанија
Назив: Друштво за трговија на големо и мало експорт-импорт N Fashion Скопје
Адреса: ГТЦ Кеј 13ти Ноември 2/7, Скопје, Република Северна Македонија
Контакт телефон: 02/3163-740
Веб страна: www.nfashion.com.mk
Email: info@nfashion.mk
Дејност: Трговија на мало со обувки и предмети од кожа во специјализирани продавници
Даночен број: MK4030992259800