Политика на користење на „Колачиња“(Cookies)

Што се „колачиња“(cookies)?

„Колачињата“ (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате на интернет. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Овие текстуални датотеки можат да бидат „постојани“ или „привремени“. Постојаните „колачиња“ остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (офлајн состојба), додека привремените се бришат штом го затворите интернет пребарувачот. Колачињата се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференци (јазик, големина на фонт или приказ на страницата), за да обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже историја на пребарување на истата.

Постојат 3 вида на „колачиња“ (cookies) во зависност од нивната намена:

Задолжителни „колачиња“ (cookies) се оние кои се неопходни за непречено работење на веб страницата.

Аналитички „колачиња“ (cookies) кои овозможуваат испраќање и анализа на активностите на корисникот на веб страницата заради подобрување на функционалноста на веб страницата или нашите услуги.

Маркетинг „колачиња“ (cookies) кои ни овозможуваат да можеме да ги објавиме своите известувања на N Fashion страницата, како и на други веб страници и друштвени мрежи на начин кој е прилагоден на Вашите интереси земајќи ја во предвид Вашата претходна посетеност на нашата веб страница.

Зошто користиме „колачиња“(cookies)?

На веб страницата www.nfashion.com.mk користиме „колачиња“ (cookies) од следните причини:
• За подобро техничко функционирање на веб страницата.
• За подобрување на корисничкото искуство.
• За да запомниме дали сте согласни (или не) со нашето користењето на „колачиња“ (cookies) на веб страницата.
• За да Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време.

Каков вид на „колачиња“ користиме?

Користиме постојани „колачиња“ (cookies), кои го памтат пребарувањето откако корисникот ќе го исклучи интернет пребарувачот, се со цел да се задржи состојбата на корисникот и кои се потребни за непречена работа на веб страницата.

Дали може да се избришат или контролираат „колачињата“(cookies)?

Информациите поврзани со „колачињата“ (cookies) не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие „колачиња“ (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Во случај да не сте согласни со користењето на овие „колачиња“ (cookies) можете да ги избришете или блокирате. Можете да ги избришете сите „колачиња“ (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер, а воедно и да ги подесите дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе биде потребно рачно да ги прилагодувате преференците секој пат кога посетувате веб страница, исто така можно е да не работат некои функционалности и услуги.

Прифаќање на условите

Кога за прв пат ќе пристапите на веб страната на www.nfashion.com.mk може да добиете порака која што Ве известува дека користиме „колачиња“ (cookies). Со кликнување на „Accept“ Вие изјавувате дека сте ја разбрале и се согласувате со употребата на овие датотеки, како што се објаснети на оваа Политика за користење на „колачиња“ (cookies), при што може да ги промените подесувањата на Вашиот интернет пребарувач за да ги дозволите, ограничите или забраните „колачињата“ (cookies).

Согласно Законот за заштита на лични податоци, N Fashion Ве уверува дека податоците оставени на нашата веб страница нема да бидат злоупотребени, објавени или споделени со друго трето правно или физичко лице.

Со почит,

N Fashion

Производот е додаден во желботеката
Производот е додаден за споредба